Со сончањето се добива убав тен, но многу често како последица имаме сува и дехидрирана кожа, склона на создавање првут, како и кожа неправилно пигментирана и со изразени дамки. Кај повозрасните жени сето тоа е проследено и со намален тонус на кожата и забележливи линии во пределот на вратот и деколтето.
Третмани и постапки што ги препорачуваме за повторно да се рехидрира кожата длабински, да ѝ се вратат еластичноста и сјајот и за бришење на дамките се:
Биохидратација
Постапка со која се внесуваат моќни хидратациони коктели, со кои кожата повторно станува мека и еластична, затегната и без првут.
Се препорачува кај сите типови на кожа изложени на сонце. Многу добри резултати дава и во услови на суво и студено време, за да се намалат црвенилото, пецкањето, првутот на кожата и чувството на затегнатост. Се изведува на лицето, вратот и на деколтето, но може и на други проблематични делови на телото. Најдобро е да се направат три последователни третмани на растојание од седум до десет дена, но и со еден третман се постигнуваат задоволителни резултати.
Мезотерапија
Овој третман се препорачува за рехидратација и отстранување на дамките од сончање. Се користат моќни коктели за таа намена за видлив и долготраен ефект. Кожата станува мека, сјајна и еластична, со изедначен тен
ПРП-третман
Со помош на факторите на раст концентрирани во крвните плочки во крвта на клиентот, овозможуваме регенерација на кожата на сите нивоа. Така, оштетената кожа од сончевите УВ-зраци повторно се обновува и депигментира. Топло препорачана за лицето, вратот и деколтето по овој период
Мезоконци
Мезоконците долготрајно ќе ја зацврстат опуштената кожа, особено кај повозрасните лица. Топло препорачани за вратот и деколтето по подолга изложеност на сонце.
Се препорачуваат и третмани на површината на кожата. Намената е: длабока рехидратација и отстранување пеги и дамки.
Kожата по летото: Професионални третмани што даваат одлични резултати за рехидратација и регенерација на кожата