ПРП третмани за природна регенерација на ткивата

ПРП е ефикасен и комплетно безбеден метод за регенерирање на ткивата. Секој што тежнее да добие видливи резултати на подмладување на природен начин е кандидат за овој третман.

За што се користат ПРП третманите?
  • За комплетно подмладување на кожата на лицето, вратот, деколтето, дланките и интимата;
  • За кожа со пигментации, флеки, дамки, акни, присутни лузни и мелазма;
  • За мрсна кожа со изразен сјај;
  • За дехидрирана, сува и опуштена кожа склона на брчкање;
  • За кожа со проширени пори, рапава текстура, осетлива и склона на капилари;
  • За темни подочници;
  • За мимички други брчки на лицето и вратот;
  • За бришење или намалување на видливоста на стриите на телото;
  • За предвремено и нагласено опаѓање на косата

Прегледот е задолжителен за да се одреди проблемот што треба да се третира. Со помош на компјутеризиран микроскоп за дијагноза, се скенира и анализира состојбата на кожата или на косата со цел поставување дијагноза и план на терапија. Зависно од дијагнозата, се прават 2-6 третмани на растојание од 2-4 недели.

Како тече процедурата на третманот?
Се вади мала количина од сопствената крв (8-10 мл), се аплицира во специјализирани епрувети и се центрифугира со цел да се одвојат крвните плочки во голема концентрација во плазмата. Тие се однесуваат како матични клетки кои со себе носат фактори на раст и го овозможуваат волшебниот процес на регенерација. Потоа, оваа потентна течност се враќа со тенки иглички за мезотерапија или со канила. Кожата или главата се премачкуваат со анестетичка крема за третманот да биде релаксирачки. Целата постапка трае 30-60 минути.

 

 
 
Кои се ефектите од третманот и за колку време се видливи?

На местата каде што се внесуваат факторите на раст преку матичните клетки доаѓа до создавање нов колаген и еластин. За 7-10 дена доаѓа до видливо подобрување на структурата на кожата. Ефектот се засилува како што колагенот почнува да зрее. За месец до месец и половина ќе се види комплетниот ефект од сработениот третман, кој е долготраен и трае 8-12 месеци, зависно од состојбата на кожата пред третманот.

Овој третман особено се препорачува напролет, бидејќи тоа е период на поинтензивно опаѓање на косата, а одличен ефект има и во состојби на зголемен стрес, како што е моменталната ситуација со пандемијата на ковид-19.

ПРП третманот за коса ја стимулира брзината на растот на косата и нејзината густина со потенцирано обновување фоликули на нови влакна. Животниот век на влакното двојно се продолжува, а неговата дебелина се зголемува.

Кому му се препорачува третманот?
  • На сите што сакаат да ја подмладат кожата на природен начин;
  • Кај пушачи и други стресни состојби и загадувања;
  • Кај луѓе што се склони на алергии, зашто овој третман е потполно безбеден без несакани реакции на кожата по третманот;
  • По ласерски третмани, хемиски пилинзи и други инвазивни третмани, зашто ја забрзува регенерацијата на кожата;
  • За решавање на сите проблеми со опаѓање на косата.

Третманот е за секого, без разлика на полот, возраста или склоноста на алергии. Локалните промени од боцкањето, доколку воопшто се појават, исчезнуваат за 24-72 часа од апликацијата.

Предности на ПРП третманот:
  • Потполно безбеден и погоден дури и за најосетлива кожа склона на алергии;
  • Брзо видливи ефекти по 7 дена;
  • Речиси безболна постапка;
  • Максимално регенерирана и подмладена кожа со изедначен тен;
  • Третманот може да се изведува во текот на целата година.
ПРП третмани за природна регенерација на ткивата
Scroll to top