3-Д третмани за лице

Во козметиката постојат линии за лице и тело каде е направен квантен скок во поглед на тоа што го постигнуваат со кожата. Тука веќе не зборуваме само за нега, чистење и одржување на свежината на кожата, туку за лекување и регенерација на кожата во сите нивоа. Линиите од програмата на АНЕСИ се високо концентрирани природни нано-комплекси, кои со нанесувањето продираат во сите слоеви на кожата, овозможувајќи им на клетките на кожата и на меѓуклеточното ткиво правилно да работат. Еве за кои линии станува збор…

За прв пат во ерата на козметологијата постои вистинско 3Д-хидрирање со АКВА ВИТАЛ на АНЕСИ. Паралелно, на клеточно и меѓуклеточно ниво се стимулира и активира процес на детоксификација со автофаген систем на прочистување.

ДЕРМО КОНТРОЛ

За масна кожа и акни се користи линијата ДЕРМО КОНТРОЛ, во која има посебни природни нано-комплекси кои ги лечат и дезинфицираат избивањата, го контролираат мастењето и регенерираат.

ХАРМОНИ

Сензитивната кожа е често присутна во современото живеење, но може да се лекува со линијата ХАРМОНИ на АНЕСИ. Без додадени бои и конзерванси, таа содржи мултипотентни растителни нано-комплекси, кои ги отстрануваат црвенилото, чешањето, лупењето и проширените капилари на лицето.

Третманите од линијата наменети за подмладување СТЕМ Ц3, ЦЕЛУЛАР3, ДНК ХРОНОЛОЏИ, ЦЕЛЕСТИАЛ, ЛУМИНОЗИТИ, УРБАН ДЕФЕНС, се борат со сите фактори на стареење. Со помош на научно дизајнираните нано-комплекси, резултатите се видливи по само еден третман: кожата станува затегната, сјајна, изедначена и со видливо намалени брчки и флеки.

ЛУМИНОЗИТИ

За периодот по завршувањето на летото, се препорачува третманот ЛУМИНОЗИТИ кој на клеточно ниво успешно се справува со сите типови пеги и дамки, и ѝ ги враќа изедначеноста и сјајот на кожата.

 

3-Д третмани за лице
Scroll to top